ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА претставува современа и европски организирана здравствена установа, која наметна нов стил на работа во здравството. Од основањето во 2004 година па, во континуитет посветени сме на константно унапредување, во интерес на пациентите и вработените.
Од самиот почеток со работа, ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА е целосно компјутеризирана здравствена установа, со современа апаратура, со пријатни услови за давање здравствени услуги и работа, со беспрекорна професионалност на персоналот и посветеност кон секој наш пациент.
Нашата филозофија за секојдневната работа и континуираниот развој на ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА се интересот на пациентот и чесноста во работата, осигурувајќи секогаш квалитетна, навремена и достоинствена медицинска помош.
Услугите вклучуваат:
Општи и контролни лекарски прегледи
Дијагностика и третман на акутни и хронични заболувања
Превентивни здравствени прегледи
Следење и контрола на крвен притисок, шеќер и други здравствени параметри
Советување за здрав начин на живот и превенција на заболувања
Упатување и координација со специјалистички служби кога е потребно
Во ПЗУ Алтеа, Вашето здравје е наш приоритет, а нашата цел е да обезбедиме квалитетна, достапна и навремена здравствена заштита за секој пациент.

