Убавата насмевка ги освојува сите околу вас, убавата насмевка се постигнува со редовна хигиена и редовни стоматолошки прегледи.
ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА е местото каде ќе ја добиете насмевката што ја посакувате.
Стоматолошката ординација опремена е со модерни столови, поседува систем на компјутерско и видео архивирање на сите интервенции, користи најсовремени материјали за терапии и изработка на стоматолошки помагала. Професионалниот тим со богато искуство, стекнато како во редовниот високообразовен процес, така и од посета и директно учество на меѓународни семинари и работилници, дава особен придонес во успешно решавање и на најсериозните стоматолошки зафати.
Здравите заби се особено важен фактор за општото добро здравје кај секого од нас.
ЗАТОА ШТО ЗДРАВЈЕТО Е НАЈВАЖНО
Нашите услуги опфаќаат:
Превентивни стоматолошки прегледи
Лекување на кариес и заболувања на забите
Естетска стоматологија
Професионално чистење и отстранување забен камен
Ендодонтски третмани (лекување на коренски канали)
Протетски решенија и рехабилитација на насмевката
Вашето орално здравје е наш приоритет, а нашата цел е да Ви обезбедиме здрава насмевка и сигурност при секојдневните активности.

