![](http://www.altea.com.mk/content/pics/za-nas.jpg)
Почитувани,
ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА претставува современа и европски организирана здравствена установа, која наметна нов стил на работа во здравството. Од основањето во 2004 година па, во континуитет посветени сме на константно унапредување, во интерес на пациентите и вработените.
Од самиот почеток со работа, ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА е целосно компјутеризирана здравствена установа, со современа апаратура, со пријатни услови за давање здравствени услуги и работа, со беспрекорна професионалност на персоналот и посветеност кон секој наш пациент.
Нашата филозофија за секојдневната работа и континуираниот развој на ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА се интересот на пациентот и чесноста во работата, осигурувајќи секогаш квалитетна, навремена и достоинствена медицинска помош.
Спец. д-р Оливера Пурданоска