|
Мамографијата претставува рентген снимка на дојките. Со неа се откриваат тумори, и помага при разликувањето на канцерогените (малигни) и неканцерогените (бенигни) заболувања. Пред секое мамографско снимање докторите најчесто прават прегледи со ултразвук (ЕХО) и доколку тогаш не се утври постоење на било какви индиции за постоење на рак на дојка нема никаква потреба да се премине на мамографско снимање. Мамографијата се прави кај здрави жени со цел да се откријат било какви знаци на рак на дојка. Покрај здравите, мамографски снимки прават и жените кои имаат симптоми на заболување на градите: стврднување, повлекување на брадавиците, болки при допир, дехидратација на кожата на дојките и сл. Правењето мамограм е битно за раното откривање на ракот на дојка. Во земјите во кои се обраќа големо внимание на ова заболување како на пример САД, националниот институт за превенција од рак препорачува правење на мамограми по два пати годишно за сите жени со над 40 години, затоа што тоа е возраста која е најизложена на ризик од рак на дојка. Кај помладата популација, покрај редовното мамографско снимање, националниот институт препорачува клиничко превенирање со редовни прегледи кои се извршуваат по еднаш на секои 2-3 месеци. Услуги ЕХО НА АБДОМЕН Црн дроб Жолчно кесе со жолчни патишта Панкреас Слезенка Бубрези и мочни патишта Мочен меур Простата ЕХО НА ДОЈКИ ЕХО НА ШТИТНА (ТИРОИДНА)ЖЛЕЗДА ЕХО НА МЕКИ ТКИВА - МУСКУЛИ ЕХО НА ПЛУНКОВНИ ЖЛЕЗДИ ЕХО НА ЛИМФНИ ЖЛЕЗДИ Вратна регија Аксијална регија Ингвинална регија
|
|
Стручен тим
|
| Примариус д-р Риса Ацеска  | Специјалист по Радиодијагностика |
| | Фанче Јованоска  | Виш рентген техничар |
|