Занимливости
Превенција од СВИНСКИ ГРИП | Превенција од СВИНСКИ ГРИП |
|
До сега сигурно ги имате видено застрашувачките слики од Мексико и САД со луѓе кои превземаат се што е во нивни раце да се заштитат од вирусот на Свински Грип. Во продолжение следуваат неколку корисни податоци и совети во врска со вирусот Х1Н1 тип А.
Секогаш кога кашлате или кивате покривајте ја вашата уста со нешто непробојно. Избегнете го честото допирање на вашето лице, носот и устата затоа што свинскиот грип најчесто се пренесува преку каналите за дишење исто како и обичниот грип. Често мијајте ги вашите раце со сапун затоа што свинскиот грип се пренесува и преку допир на објекти на кои е возможна вегетација на вирусот. Алкохолните дезинфициенси кои ги користиме за чистење на рацете не се 100% гаранција за уништување на Х1Н1 тип А вирусот, затоа што тие чистат само дел од микроорганизмите, но никогаш во целост. Доколку во местото во кое живеете има појава на заболени од свински грип треба да се избегнуваат собири на поголеми групи луѓе. Заболените од свинскиот грип може да го носат вирусот и до 10 дена без да имаат какви и да било знаци на настинка. Во случај да сте параноични и немате ништо против необичниот изглед можете да носите респираторна маска. Со неа шансите за заболување се намалуваат за преку 50%. Оние кои се почуствувале настинати или со нарушено здравје се препорачува да не одат на работа и веднаш да го посетат нивниот матичен лекар. Се додека лекарот не им потврди дека се е во ред со нивното здравје не треба да се враќаат назад во нормалниот општествен живот. |