Занимливости
Мигрена | Мигрена |
|
Мигрената претставува појава на хронични главоболки која предизвикува интензивна болка со часови а многу често таа болка трае неколку денови.
Симптомите на мигрена можат да бидат толку очигледни и тешко подносливи што луѓето кои страдаат од оваа болест многу често бараат темни и мирни места да легнат да се одморат. Некогаш мигрената може да се предвиди и очекува дека ќе се случи со појавата на симптоми и знаци како: преосетливост на светлина, неправилна работа на органите за вид или затегнување намускулите на рацете и нозете. Мигрената скоро секогаш е пропратена со повраќање и преголема осетливост на светлина и звук.
Истовремено не постои начин за целосно лекување и елиминација на оваа болест. Медикаментите само помагаат во намалување на интензитетот и фрекфенцијата на болките кои мигрената ги предизвикува. Многу често се случува одредени медикаменти кои немале ефект во минатото кај одреден пациент, откако повторно ќе започне да ги прима да има позитивни ефекти кај истиот пациент. Најдобрата превенција од силните последици од мигрена се коренитите промени во начинот на живеење во комбинација со соодветните медикаменти. |