Занимливости
Јас не сум статистички податок!!! | Јас не сум статистички податок!!! |
|
Како да си помогнеме самите себе, да не бидеме дел од статистиката за возачи кои тргнале неспремни на долги патувачки релации.
Потрудете се да бидете одморени пред да излезете на отворените патишта ова лето. Истражувањата на ова поле можеби не се интересни за Македонските истражувачки центри и надлежните органи, но педантните Американци во последното истражување на „Националната Фондација за борба со несоницата“ покажуваат дека 54% од американското население барем еднаш во последнава година има управувано автомобил без да биде доволно одморено. За да ја избегнеме „можноста“ да се појавиме како податок во извештаите на МВР и другите органи кои водат евиденција за бројот на сообраќајните незгоди мораме навреме да ги планираме и осмислуваме нашите идни патувања, тоа е нашиот прв чекор до безбедно патување. За да знаете дали сте одморени или не, не треба да се биде некој експерт, доволно е да се сетите дека ви тежат очните капаци, често зевате, и сте преосетливи на звуци и светлина. За да се избегне потенцијална фатална ситуација се препорачува: - Да се спие од 7 до 9 часа пред да се тргне на далечно патување - Се остава повеќе време од оптималното за да се пристигне на саканата дестинација. Избегнувајте долготрајно возење без да предвидите време за пауза - Запрете го возилото за да се одморите на секои 200км или на секои 2 часа возење - Доколку е возможно избегнувајте да патувате сами, земете некој близок пријател или роднина со кого би можеле да го „поделите патот“ до саканата дестинација - Стриктно се забранува користење медикаменти или алкохол кои влијаат на намалување на активноста на внатрешните органи и кои многу често се причината за тешките сообраќајни незгоди. Доколку почуствувате дека ви се спие, запрете го возилото, дремнете околу 15-20 минути, а ако се знае дека кофеинот од кафето дејствува за 20 до 30 минути, пожелно би било да испиете и едно кафе пред дремката, па така би добиле двоен ефект. |