Занимливости
Белите дробови и менталното здравје | Белите дробови и менталното здравје |
|
Болестите на белите дробови се поврзуваат и со зголемениот ризик од ментални здравствени проблеми, утврдиле американските експерти од Универзитетот Колумбија.
Заклучокот на експертите е донесен на основа на репрезентативен примерок, односно проучени податоци за возрасни лица на возраст од 25 до 74 години, кои учествувале во првото американско Национално истражување за здравјето и исхраната, спроведено меѓу 1971 и 1975 година.
Во таа пригода било извршено и мерење на функцијата на белите дробови и некои испитаници добиле прелиминарна дијагноза на рестриктивни или опструктивни болести на белите дробови.
Во исто време било проверено и ментално здравје на испитаниците. Рестриктивните болести на белите дробови ги карактеризира намалена количина на воздухот што се издишува.
Тука спаѓаат астмата, емфиземот и бронхитот. Испитаниците кај кои биле констатирани рестриктивни или опструктивни болести на белите дробови многу често имале и ментални здравствени проблеми. |