|
Првиот впечаток е секогаш важен. ПЗУ " Поликлиника АЛТЕА" посвети големо внимание во организацијата на приемната служба, местото каде се остварува првиот контакт меѓу пациентите и АЛТЕА. Љубезноста, комуникативноста, достапноста и етичката одговорност се главните карактеристики на приемната служба во АЛТЕА. Беспрекорното распоредување на посетите од пациентите, го направи чекањето пред ординациите да биде пократко од секунда. Видете зошто времето во АЛТЕА трае кратко. Видете зошто здравјето во АЛТЕА трае долго. Видете зошто АЛТЕА е понапред од другите Персонал 
| Спец. д-р Оливера Пурданоска | Генерален Менаџер |
Почитувани, Зарем не мислите дека секој заслужува квалитетна здравствена заштита и достапни услуги, во секое време, без разлика на финансиска и социјална положба, националност, убедување и др.?! Нашата установа е поставена на принципите на не дискриминативност и постојана достапност, каде врвните услуги не се само привилегија на малкумина, ами право на секого и во секое време. Вашето добро здравје и достоинствената здравствена заштита се наша преокупација, причина за постоењето на Поликлиника АЛТЕА. Поликлиника АЛТЕА создава вредност која гради доверба помеѓу пациентот и персоналот на долг рок, вредност со високи стандарди еднакви на оние во најразвиените земји. Поликлиника АЛТЕА е партнер од доверба и сигурност. Почитувани, ова е само почетокот, Поликлиника АЛТЕА сериозно работи да прерасне во регионален центар, кој квалитетно и навремено ќе одговори на што повеќе од Вашите здравствени проблеми. Сериозно сме посветени кон целта, Поликлиника АЛТЕА да биде дом и на Вашето здравје, Затоа што здравјето е најважно!!! Спец. Д-р. Оливера Пурданоска Директор
| | Александар Талимџиоски | Маркетинг Менаџер |
|
| Татјана Павлоска | Приемна служба |
| | Мариче Стојаноска | Приемна служба |
|