Прашања и совети
Дали никотинот влијае на нивото на шеќер во крвта? | Дали никотинот влијае на нивото на шеќер во крвта? |
|
Најновите истржувања посочуваат дека никотинот кој луѓето го конзумираат преку пушењето цигари предизвикува резистентност на организмот при излачувањето инсулин кој е незаменлив во процесот на искористување на шеќерите во крвта.
Во истражување спонзорирано од страна на „Здружението на ендокринолози на Америка“ се покажало дека ризикот од дијабетис е поголем кај луѓето кои секојдневно конзумираат цигари. Тимот истражувачи ова тврдење го базира врз податоците за намалување на нивото на инсулин во крвта на експерименталните глувци во кои биле вбризгувани мали никотински дози. Во печатената публикација д-р Теодор Фридман, раководител на одделот за ендокринологија, метаболизам и молекуларна медицина при Чарлс Р. Дру универзитетот за медицина и наука во Лос Анџелес, истакнува дека пушачите се склони кон повисок ризик од дијабетис иако „пушењето предизвикува намалување на тежината што би претставувало превентивна мерка против срцевите заболувања“. Некои истражувања упатуваат на тоа дека клучен фактор е влијанието на никотинот врз излачувањето на стресниот хормон кортизол. д-р Фридман истакнува „кортизолот го намалува излачувањето на инсулин“. Во 14-дневното истражување врз возрасни глувци инјектирани се дози од никотин по два пати дневно. Најпрво забележано е зголемено ниво на кортизол во крвта на глувците и зголемена резистентност на нивниот организам во излачувањето на инсулин. Истовремено тие јаделе помалку и започнале да намалуваат од својата тежина во споредба со друга група на која не и било инјектирано никотин. |