Прашања и совети
Вежбањето ги намалува Обезитасот и Гневот кај младите | Вежбањето ги намалува Обезитасот и Гневот кај младите |
|
Децата со прекумерна тежина можат да го намалат гневот преку вежбање, е заклучокот кој го изведуваат неколку последни истражувања.
Студијата опфатила здрави деца на возраст од 7 до 11 години, кои имаат поголема тежина од просекот на своите врсници и почнале да ја намалуваат со практикување аеробни вежби после школските часови. Во оваа студија покрај другото се истражувало и како се однесуваат децата со прекумерна тежина од различни раси, конфесии, националности и.т.н. „Вежбањето имаше огромно влијание врз изразувањето на гневот кај децата“ - изјави Кетрин Дејвис, клинички физиолог на медицинскиот универзитет од Џорџија - САД. „Резултатите од ова истражување не наведуваат дека аеробното вежбање е најдобрата стратегија за намалување на гневот и агресивното однесување кај децата со поголема тежина од вообичаената“.
„Неколкуте претходни истражувања посочуваа на тоа дека вежбањето само ја намалува депресивноста и анксиозноста кај децата, но мора да почнеме да веруваме дека вежбањето ги намалува и гневот и агресивноста и тоа не само кај младите туку и кај возрасните луѓе“ - вели г-ѓа Дејвис. |