Прашања и совети
Третмани при болки во увото | Третмани при болки во увото |
|
Болките во увото кај малите деца е многу честа појава. Здруженијата на Фамилијарни лекари ги најчесто препорачуваат да се превземат следните превентивни мерки:
Однесете го вашето дете кај матичниот лекар со цел навреме да се дијагностицира било каква болка во неговите уши. Доколку зад болките во увото се крие некаква бактериска инфекција таа би можело да се превенира со препишување на некои послаби антибиотици. Мора да се придржувате стрикто до препораките на лекарот на вашето дете при земањето на терапијата. Докторот може да ви препорача и медикаменти со кои се намалува болката кај вашето дете. Нанесувајте топли наслаги во пределот на увото на вашето дете, но внимавајте да не бидат жешки, бидејќи високата температура има контраефекти при третирањето на болката во уво.
За да се запрат или намалат болките кај вашето дете можете да му давате некои лесни апчиња за смирување, но секако не од оние во рангот на аспиринот и сличните на него.
|